дома Хроника Пpивeдeнo лицe вo Струмица пo pacпишaнa цeнтpaлнa пoтepницa

Пpивeдeнo лицe вo Струмица пo pacпишaнa цeнтpaлнa пoтepницa

На 17.05.2021 во 20.35 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги, од угостителски објект на бул.„Климент Охридски” во Струмица, лишен е од слобода З.Д. (50) од Скопје, баран по распишана централна потерница и судска наредба на Основен кривичен суд Скопје.

Лицето е осудено на казна затвор за сторено кривично дело „измама”.

З.Д. бил предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.