дома Хроника Пpeгазен пешак во Ново Лисиче, на крстосницата на која со денови не...

Пpeгазен пешак во Ново Лисиче, на крстосницата на која со денови не работат семафорите

Tешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 17.50 часот на Булеварот Видое Смилевски Бато. Во несреќата се повредени две лица, еден пешак и сопатник во возило

Како што информираат од МВР, во 17.50 часот е пријавено дека на Булевар Видое Смилевски Бато патничко возило голф удрило во пешак. Пешакот е пренесен во клиничката болница Мајка Тереза, а еден од патниците од возилото е пренесен во Градската болница.

За потсетување, токму на оваа крстосницата со денови не работат семафорите.