дома Македонија Пpeнџoв зa TB 24: Aко премиерот е paзочapaн пocле четиpи години, да...

Пpeнџoв зa TB 24: Aко премиерот е paзочapaн пocле четиpи години, да си поднece ocтaвka

Љупчо Пренџов пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека е многу доцна за воспоставување на некаков ред во државата, зошто веќе нема простор за подобрување. Вели дека до пладне очекувал да има и оставки од клучните луѓе во државата.

„Сакам во оваа прилика да му порачам на премиерот дека доколку тој како прв човек во државата, оној кој се претставуваше дека ќе донесе ред, право и правда, ако е разочаран после четири години, да си поднесе оставка и на негово место да дојде некој поспособен.“ – рече Пренџов.

Потенцираше дека на младите луѓе и на странските инвеститори им ја навредуваме интелегенцијата со ваквите постапки.