дома Временска Прогноза Пpeтeжнo oблaчнo време co пoвpeмeни вpнeжи oд дoжд, пooбилни вo ceвepнитe дeлoви

Пpeтeжнo oблaчнo време co пoвpeмeни вpнeжи oд дoжд, пooбилни вo ceвepнитe дeлoви

Времето во саботата во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 9 Целзиусови степени.

Во недела и понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15л/м2 за 24 часа). На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено утре и во понеделник. Од вторник времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст.