дома Хроника Пpeтpec во Струга, пpивeдeно eднo лицe – eвe штo зaплeни пoлициjaтa

Пpeтpec во Струга, пpивeдeно eднo лицe – eвe штo зaплeни пoлициjaтa

На 27.10.2021, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.А.(49) од Струга.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол чешка „Зброевка” калибар 7,65 мм, еден сигнален пиштол „Гмаа”, 26 куршуми различен калибар и 86 парчиња дијаболи, што нелегално ги поседувал.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.