дома Хроника Пpeтpec вo гостиварско: Пpивeдeни двe лицa, пoлициjaтa имaлa штo дa зaплeни

Пpeтpec вo гостиварско: Пpивeдeни двe лицa, пoлициjaтa имaлa штo дa зaплeни

Денеска (05.10.2021) околу 11.35 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците К.С.(51) и Х.А.(54).

При претрес во станот на К.С. на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, извршен со судска наредба, во кој бил затекнат и Х.А., биле пронајдени и одземени хероин, неколку пластични шишиња со метадон, дигитална вага и предмети со остатоци од дрога.

Тие се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.