дома Македонија ПPOБЛЕМИ ВО КОАЛИЦИЈАТА: Адеми пpoтив намалувањето на платите на наставниците за време...

ПPOБЛЕМИ ВО КОАЛИЦИЈАТА: Адеми пpoтив намалувањето на платите на наставниците за време на kpиза

Министерот за образование, Арбер Адеми во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат се спротивстави на предлогот за намалување на платите на наставниците и администрацијата, што деновиве ја предложи лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев.

Според Адеми, таквата мерка ќе влијае демотивирачки на наставниците и вработените во образовниот систем.

Адеми изјави и дека веќе е воспоставен систем за комуникација преку кој надлежните институции ќе бидат информирани од релевантни извори за пречките со кои семејствата можат да се соочат при учење од далечина. Тој рече дека ќе им помогнат на семејствата кои можеби немаат компјутер или паметен телефон, но не даде конкретен одговор за семејствата кои можеби немаат пристап до Интернет во нивните домови.

Според него, предизвик е, но и приоритет е да се продолжи со образовниот процес.