August 18, 2022, 11:31 pm

Пpoглaceн вoeн aлapм зa kaтacтpoфa – пykнa бpaнa нa peкaтa Рур вo Германија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ситуацијата во северозападна Германија, во областите кои беа сериозно погодени од невремето сè уште е крајно опасна и алармантна. Властите генерално се воздржани во однос на вкупниот број на исчезнати лица.

Бидејќи мобилната мрежа и телефонските линии се прекинати, нема начин да се следат контактите преку телефон. Инфраструктурата – патишта, железници, гасоводи – е целосно или делумно уништена. Од вчера повеќе од 100.000 луѓе сè уште беа без струја, известува „Дојче Веле“.

Бројот на познати смртни случаи се искачи преку 150, додека илјадници сè уште се водат за исчезнати. Спасувачките екипи постојано ги наоѓаат мртвите во подрумите на куќите.

Драматични сцени има во Ерфштат, јужно од Келн. Реката Ерфт поплави широка област и доведе до целосен или делумен колапс на многу куќи. Има страшна ерозија на почвата. Властите веруваат дека има голем број мртви, но не можат да дадат прецизни податоци за бројот на жртвите.

Германското Министерство за одбрана прогласи воен аларм катастрофа. Повеќе од 850 војници се ангажирани во обезбедување помош и нивниот број постојано се зголемува.

Поради невремето и поплавите, пукна браната на реката Рур во Опхофен, во областа Хајнсберг. Според информациите на јавниот сервис WDR, спасувачките екипи минатата ноќ евакуирале 700 жители.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This