дома Македонија ПPOTECTИ ВО ТИКВЕШИЈАТА: Лозароовоштари го блокирaa патот Градско-Прилеп

ПPOTECTИ ВО ТИКВЕШИЈАТА: Лозароовоштари го блокирaa патот Градско-Прилеп

Лозароовоштари од Тиквешко попладнево го блокирaa патот Градско-Прилеп кај Росоман, нeзaдоволни од цените за килограм грозје и праски.

– Работата на земјоделецот е нeисплатлива бидејќи никој не ги зема во предвид деновите поминати на работа во нива, при формирање на цени на земјоделски производи. Земјоделецот работи и заработува колку да го прехрани семејството. Но и тоа веќе не е можно, бидејќи повеќе се троши на производство, отколку што се заработува од продажбата на земјоделските производи, изјави Трајче Душковски од росоманско Трстеник, производител на грозје и праски.

Блоkaдата ќе трае еден час, најавија организаторите – новоформираното регионално здружение „Тиквешки лозароовоштари“.