дома Свет Пyтин: Пaлaтaта не е моja, caкaaт да им го испepaт moзокот на...

Пyтин: Пaлaтaта не е моja, caкaaт да им го испepaт moзокот на Pycите

Рускиот претседател Владимир Путин ги демантираше гласините дека поседува палата во Геленџик на Црното Море, наведувајќи дека таа палата не му припаѓа ниту нему ниту на кој било член на неговото семејство.

На онлајн состанок со студенти, Путин рече дека не го гледал видеото објавено од опозицискиот тим на Алексеј Навални минатиот викенд, пред сè поради недостаток на време и смета дека гласините за палатата биле искористени за обид за перење мозок на Русите, пренесува ТАСС.

„Не го гледав целиот филм, туку само деловите што ми ги подготвија соработниците. Ништо од сниманото во филмот не ми припаѓаше на мене или на некој од моите блиски роднини. Никогаш”, рече Путин.

Во исто време, тој го сврте ниманието на фактот дека секој имот од овој тип има одредена документација и податоци за финансиските трансакции и дека не може, а да не остане трага во книгите за тоа.