дома Хроника Пykaње во Чаир: Полицијата привeде две лица кои кај себе имале opyжje...

Пykaње во Чаир: Полицијата привeде две лица кои кај себе имале opyжje и мyнициja

На подрачјето на Чаир од полициски службеници од СВР Скопје вчера беа лишени од слобода Р.И.(39) и М.И.(47), поради постоење основано сомнение за кривичните дела „предизвикување општа опасност“ казниво по чл. 288 од Кривичен законик и „недозволено изработување држење и тргување со оружје и распрснувачки материјали“, казниво по чл.396 од Кривичен законик.

Притоа, на приведените им е одземен пиштол, две рамки и седум куршуми калибар 9мм.

Како што информираат од МВР, претходно Р.И. бил забележан како пука од огнено оружје во воздух.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок