дома Балкан Радев порача: Патот кон ЕУ води преку Софија

Радев порача: Патот кон ЕУ води преку Софија

Бугарскиот претседател Румен Радев во програмата на „Дарик радио“ порача дека Бугарите мора да бидат обединети за браќата од Македонија да разберат дека нивниот пат не минува низ обиколки низ европските метрополи за да лобираат за притисок врз Бугарија, туку преку Софија“, порача

„Знаете дека го потпишавме нашиот Договор за добрососедство и соработка на 1 август 2017 година, кој од наша страна блеска со добронамерна наивност, бидејќи не ја исполни реципрочната добра волја. Имав критики за овој договор. Велам – ние сме две земји, ние сме браќа. Договорот беше добронамерен. Кога стана јасно дека не се почитува, во 2018 година реков дека е потребен нов анекс“, изјави шефот на државата.Тој им оддава почит на сите бугарски дипломати кои работеле на националната рамковна позиција.