дома Арсенал РАЗЛИЧНА БОЈА НА MУHИЦИJAТA: Што значат различните бои на куpшумитe за „Калашњиков“?

РАЗЛИЧНА БОЈА НА MУHИЦИJAТA: Што значат различните бои на куpшумитe за „Калашњиков“?

Бел, син, црн – какви сѐ видови куpшуми постојат за рускиот АК и за што служат?

Различните бои на врвот на куpшумoт служат за лесно и брзо препознавање на куpшумитe од различни видови и намени. Истовремено, згоден бонус е и тоа што фарбите кои се користат за тие цели истовремено служат и како антикорозивно средство за куpшумитe.

Треба веднаш да се каже дека оваа пракса се применува од куpшумитe за пиштол до големокалибарската муниција за противавионски топови.

Во оваа прилика ќе се фокусираме на муницијата за АК-74 и АК-12 со калибар 5,45х39 мм.

1. Необоен – стандарден челичен куpшум со челична срж.

2. Зелен – трасер, односно обележувачки куpшум кој зад себе остава долга црвена линија.

3. Зелен со црвена линија – противоклопен трасер куpшум.

4. Црн – противоклопен куpшум.

5. Црн со зелена линија – субсоничен куpшум за автомат со придушувач.

6. Бел – ќор-фишек за конвенционален автомат кој при дејство се распрскува во цевката на opужјето.


Претходно кај муницијата за АК овие обележја можеа да се најдат по должината на спојот на главата на куршумот со чаурата. Тоа е користено за јакнење на цврстината на куршумот. Меѓутоа, со технолошкиот развој, овој принцип е напуштен.

Извор
RussiaBeynod