дома Европа РАЗОРЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ИТАЛИЈА: Последниот земјотрес што ја стресе Италија предизвика паника!

РАЗОРЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ИТАЛИЈА: Последниот земјотрес што ја стресе Италија предизвика паника!

Нов уште посилен земјотрес ја погоди Итралија. По првичниот со магнитуда од 5.4 според Рихтер, во 21:18 часот вечерва беше почуствуван земјотрес со јачина од 6.3 степени. Вториот земјотрес бил 142 километри североисточно од Рим.

Инаку, овој земјотрес според досегашните информации е посилен од катастрофалниот во август годинава. Имено, на 24 август 2016 во 03:36 по локално време, земјотрес ја погоди Централна Италија, блиску до Норча, 75 км југоисточно од Перуџа и 45 км северно од Л’Аквила.

Потресот бил првично забележан од Геолошкиот топографски институт на САД дека се случил на длабочина од 6.2 км со јачина од 6.4 степени. Првичниот земјотрес бил проследен со најмалку 40 силни последователни потреси.

Во тој земјотрес загинаа над 290 лица, околу 400 беа повредени, а 2.500 лица останаа без дом.