дома Локално Разрешени тројца директори на јавни претпријатија под Град Скопје и поставени нови

Разрешени тројца директори на јавни претпријатија под Град Скопје и поставени нови

Поставени се нови директори во три јавни претпријатија кои се под надлежност на Град Скопје, потврдуваат од таму.  На местото на Игор Јанушев во Јавното сообраќајно претпријатие е поставен Кристијан Чушков, а на местото на Александар Атанасов во ЈП Водовод и канализација е поставен Душко Весковски.

Промена има и во ЈП Улици и патишта. На директорското место во ова претпријатие ќе седне Сенад Смаиловиќ.

Сите нови директори се кадри на СДСМ. Весковски е претседател на општинскиот комитет на СДСМ во Карпош, а по локалните избори стана претседател на Советот на општина Карпош.

Чушков беше дел од изборниот штаб на новиот градоначалник на Скопје.

Се уште не е познато кој ќе седне на директорските места во другите јавни претпријатија под надлежност на Градот.