дома Економија РАЗРЕШЕН ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: ЕЛЕМ го губи најуспешниот директор досега

РАЗРЕШЕН ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: ЕЛЕМ го губи најуспешниот директор досега

Денес, согласно политиката на реваншизам и партизација на државните институции, владата на СДС го разреши најуспешниот директор на било кое јавно претпријатие во Македонија, Христијан Мицкоски

Сега екс-директорот Мицкоски, и нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на својот ФБ профил им се заблагодари на колегите за досегашната соработка во која како што вели ја издигнаа компанијата на највисокото ниво во изминатите години.

Во времето на директорувањето на Мицкоски, ЕЛЕМ достигна 20 милиони депозити во банките, а во првата половина на оваа година постигна добивка од 8.6 милиони евра. Притоа, ЕЛЕМ започна и успешно реализираше низа проекти, меѓу кои и отворање на нови рудници за јаглен, но и реконструкција на енергетските блокови на РЕК Битола.

ЕЛЕМ, за време на директорувањето на Христијан Мицковски ја намали производната цена на електричната енергија, и го оптимизираше производството согласно потребите на пазарот во Р.Македонија, со што Македонија минатата година увезе само 4% од потрошената електрична енергија.