February 7, 2023, 9:00 am

Рама го ocyди пaлeњето на српското знаме во Тирана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот премиер Еди Рама вечерва реагираше на срамните сцени што се случија во Тирана и палењето на српското знаме од луѓето собрани од поранешниот премиер Сали Бериша, јавуваат регионалните медиуми.

Рама рекол дека и за време на неговата посета во Белград биле закачени албански знамиња и потсетил дека, иако едно било запалено, сторителите веднаш биле уапсени.

„Нека се срамат тие што го направија ова, а не јас и мојата влада, кои имаме поддршка од Албанците да работат, да се развиваат“, посочил Рама.

Дел од присутните на протестот според написите вечерва запалиле и ги симнувале српските знамиња во Тирана, додека поранешниот премиер Сали Бериша од говорница ја нападнал иницијативата „Отворен Балкан“ и Србија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This