October 5, 2022, 11:57 pm

Рама: Обединувањето на Косово и Албанија ќе се случи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес-конференција со неговиот косовски колега Албин Курти, одржана по заедничката седница на владите на двете земји во Елбасан, одговори на прашањето: кој би бил неговиот глас за национално обединување со Косово.

Оценувајќи го како провокативно прашањето на косовскиот новинар, што мисли доколку се одржи референдум за обединување на државите, Рама рече дека неговиот глас ќе биде „за“.

-Сега ова е прашање или провокација?! Тоа не ми е јасно. Ако ме прашате за хипотезата за мирен референдум за обединување на Албанија со Косово, би го прекршил законот за тајност на гласањето и би гласал „за“. Ако ме прашате дали ова би се случило или не; бидејќи ме провоцираш, и јас тебе те провоцирам, велам дека ова ќе се случи, но не знам кога и како ќе биде. Денес… но дека тоа ќе се случи еден ден, велам да. На оние кои можат да го земат ова и да излезат да викаат; „Голема Албанија“, им велам дека гатачите не се судат како гатаат, бидејќи барате од мене да гатам, ако јас би гатал, го фрлам со имагинација, затоа што не гатам на филџан, јас кажувам дека ќе се случи, одговорил Рама, пренесува Ора њуз.

Додаде дека зборот го ставил на средина за преведувачот и за оние кои после тоа ќе дадат изјави и ќе кажат; се сретнаа и после тоа Балканот ќе гори, светот ќе се крене дека Албанците ќе не нападнат.

-Помогни ми и кажи дека гласот на гатачката зборувал, а не гласот на политичарот. Бидејќи ме испровоцира Клан Косова, откако Клан Албанија го испровоцира Албин, ти одговорив, дирекно се обрати до новинарот.

Рама се пошегува и со премиерот Курти, велејќи му дека ако сака може да даде прогноза. Косовскиот премиер рече дека прашањето за обединување на Албанците не е нешто што ние го избираме, туку колективна намера што не избира нас. Не можеме да одлучуваме, рече Курти, за историските процеси и да одредуваме датуми и начини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This