February 26, 2024, 7:59 pm

Рама: Од ќор-сокакот со Македонија и Бугарија зависи дали ќе ги отпочнеме прговорите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Рама вели дека Албанија многу долго чека пред вратата на ЕУ, но оти „сега тој е смирен, бидејќи Албанија ги заврши своите обврски“.

-Чест ми е да примам пријател на Албанците, адвокат на европскиот пат. Оваа посета се случува во пресрет на едно време кога ЕК ќе донесе одлука за Албанија и Македонија. Албанија долго чека пред вратите на ЕУ, но сега ги исполни сите свои задачи одлука за отворање преговори и одржувањето на конференцијата е едноставно. Само прашање е на Европскиот совет, во време кога се чувствува позитивен тренд, да донесе одлука. Но, да не се соочиме со уште едно изненадување од балканскиот свет поврзано со ќор-сокакот помеѓу Македонија и Бугарија. Се разбира, можам само да ја повторам истата работа, да кажам со убедување и факти, според нас, дека ние мора веднаш да го отвориме процесот и ЕУ мора да ја спроведе одлуката што ја донесе со одобрување на рамката и свикување на конференцијата. Сега не знаеме дали тоа ќе се случи, зашто тоа зависи од тоа колку ќе се реши ќор-сокакот со Македонија и Бугарија, рече меѓу другото Рама.

Тој упати критики на адреса на ЕУ, во врска со движењето на луѓето поради видот на вакцина што ја примиле, како и за се уште недонесената одлука за визна лберализација за граѓаните на Косово. За ова прашање, Рама рече дека Европската унија го држи во заложништво Косово и направи паралела со шаховска игра, велејќи дека една од фигурите го блокирала движењето на еден војник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This