дома Занимливости „Рапунзел“ меѓу коњите со прекрасната руса грива освојува на Instagram

„Рапунзел“ меѓу коњите со прекрасната руса грива освојува на Instagram

Кобила со прeкрасна руса грива освојува срца на социјалните мрежи.

8-годишната Сторм (Бура), стана хит на Instagram откако нејзината сопственичка Наоми Бекерс започна да споделува заеднички фотографии.

„Планирав одвреме-навреме да објавувам само по неколку фотографии од Сторм на Instagram, но луѓето постојано ме прашуваа кога ќе постирам нова фотографија“ – изјавила Наоми.

Поради раскошните руси локни кои се веат кога трча, убавицата меѓу коњите многумина ја нарекуваат Рапунзел.

24-годишната студентка ја купила Сторм пред две години и инстантно се поврзале.