дома Uncategorized РАСКОЛ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА: Министерот Аднан Ќахил искучен од партијата, ТХП бара...

РАСКОЛ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА: Министерот Аднан Ќахил искучен од партијата, ТХП бара Заев да го разреши

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) информира дека со одлука на партиските органи го исклучила Аднан Ќахил од партијата, а од премиерот Зоран Заев побарале негово разрешување од функцијата министер без ресор.

-Ваквата одлука е природен епилог кој произлегува од неприципиелното делување на Ќахил, кој не само што ги отфрла програмските одредби и статутот на ТХП, туку и со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува. Статутот и вредностите на ТХП наложуваат исклучување на секој член кој ќе работи спротивно од интересите на партијата. Истовремено санкционирани се и другите членови кои беа инволвирани на слични противстатутарни акти. Со оваа одлука раководството на ТХП уште еднаш на дело покажува дека и во понатамошното делување ќе има нулта толеранција на деструктивни личности и несовесно работење, се вели во партиското соопштение.