дома Локално РАСКОЛ И РАСПРАВИИ И ВО РЕСЕН: Лојалните членови на СДС изиграни од...

РАСКОЛ И РАСПРАВИИ И ВО РЕСЕН: Лојалните членови на СДС изиграни од ракводството на партијата – судири помеѓу Бузлевски и претседателот на ОО СДСМ Ресен!

По изборот на кандидат за градоначалник за општина Ресен, локалниот огранок на СДС доживеа голем удар, поради поставувањето на човек кој претходно работел против СДС, а заедно со Бузлевски на растурање на лојалното членство на партијата во градот

Денес, лојалните членови на СДСМ во Ресен доживеаа уште еден удар, откако Бузлевски и кандидатот Живко Гошаревски наспроти веќе договорената листа за советници од општинскиот огранок на СДС, доставиле друга листа составена од Бузлевски.

Како што дознаваме, Живко влетал во штабот и буквално им ја фрлил листата на маса и наредил истата да се изгласа, по што настанала сериозна расправија која за малку не прераснала во физичка пресметка.
Оттаму коментираат дека не им е јасно како централата планира победа во Ресен, ако ниту на конференцијата на општинскиот не можат да се договорот.