дома Политика РАШКОВСКИ ДЛАБОКО ЗАГАЗИ ВО КРИМИНАЛ: Си го ангажирал сопствениот кум да ги...

РАШКОВСКИ ДЛАБОКО ЗАГАЗИ ВО КРИМИНАЛ: Си го ангажирал сопствениот кум да ги врши валканите работи за него!

Драги Рашковски длабоко загази во криминал. Драги Рашковски си го ангажираше сопствениот кум да ги врши валканите работи за него, стои во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на реакција на прес конференцијата на Драги Рашковски.

-За тоа го плаќа со пари од буџетот. Никој не знае во која постапка и од кого е одбрана токму канцеларијата на неговиот кум да ги спроведува правните работи на генералниот секретаријат на Владата, иако истиот располага со правна служба која исто така е платена од буџетот. СДС спроведува тортура врз вработените во јавната и државната администрација. Владата на дело го реализира ветеното од Заев за јадење на живи луѓе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Рашковски и Заев ја злоупотребуваат власта и вршат притисок врз вработените во државните институции.

-Рашковски смислено им се заканува на вработените во државната администрација, со цел истите да ги избрка за на нивно место да постави партиски послушници и шарени активисти. Владата на СДС и Рашковски за да отворат места за партиските послушници и кадрите од невладиниот сектор кои одработија за Заев прави директен удар врз припадниците на помалите етнички заедници кои се вработени во тие институции, како турската, српската, бошњачката, ромската и влашката заедница, потенцираа од партијата.

ОД ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека Заев и Рашковски мислат дека вечно ќе останат на власт и дека можат да прават се што сакаат без за тоа еден ден да се соочат со одговорност.

-Заев и Рашковски, и сите нивни соработници и соизвршители во криминалните дејанија треба да знаат дека одговорност за незаконското работење ќе има и мора да има. Со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија, секој еден прекршител на законот ќе биде изнесен пред независен суд, и против него ќе се поведе законска и правична постапка, со цел добивање на соодветна кривична санкција за криминалот кој го сторил, завршија од партијата.