дома Македонија РАШКОВСКИ СО ЗАКАНИ: „Чистка“ во Генералниот секретаријат на владата

РАШКОВСКИ СО ЗАКАНИ: „Чистка“ во Генералниот секретаријат на владата

Наспроти ветувањата за транспарентност и отвореност пред да дојдат на власт, Зоран Заев преку „ген-секот“ Рашковски се заканува со дисциплински мерки за вработени во Владата.

Имено владиниот генерален  секретар Драги Рашковски во интервју за телевизија 24 Вести вели дека покренал дисциплински мерки против вработени во Владата, затоа што наводно изнесувале информации за нивната работа

– Јас морав да преземам дисциплински мерки против неколку вработени во Владата со оглед на тоа што изнесуваа информации за нашата работа- истакна Рашковски.

Прашањето што се поставува е што е тоа од што толку се плаши Рашковски и какви се тие информации за нивната работа, па тој мора да се заканува со дисциплински мерки, кои подоцна можат да бидат и поригорозни.