Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски, синоќа уште еднаш докажа дека неспособноста и самобендисаноста се одлика на Владата на Зоран Заев, пишува порталот Денешен.
Рашковски го нападна популарниот лик Миле Паника кој на својот фејсбук профил се шегуваше со логиката на генералниот секретар на Владата, откако овој на трагикомичен начин се обиде на граѓаните „да им продаде“ приказна дека Укинувањето на радиодифузната такса фактички било покачување на просечната плата.
Ваквата логика на Рашковски предизвика остри реакции и на социјалната мрежа Твитер.
Ако не јадеш цел месец 3000 у џеб.
Ако идеш пешки на работа, 1500 у џеб и здрав си ко дрен.
Жглаап 4500 +
Платата ти е сеа 17.125.#жиWhat? pic.twitter.com/diQ3HKq2IE— Пази ЛЕЏА (@LOshGZE) September 10, 2017
Сепак, најголемата трагикомедија се случи откако Рашковски, не можејќи да прифати критика за неговиот неразумен, нерационален, нелогичен и необјаснив став, се впушти во жолчна дебата и објаснување дури и со комичниот лик Миле Паника, кој логиката на Рашковски ја објјасни на следниот начин:
На тоа, Ракшовски се најде повикан да одговори, па влезе во уште поголеми нелогичности.
Бламот на генералниот секретар на владата не заврши тука: