дома Македонија РЕАГИРАШЕ РУСКАТА АМБАСАДА: Што би се случило доколку Русија се меша во...

РЕАГИРАШЕ РУСКАТА АМБАСАДА: Што би се случило доколку Русија се меша во внатрешната политика на Македонија како Илир Мета?

Граѓаните се гневни поради очигледното мешање на странски дипломати во внатрешните работи на државата, особено сега пред референдумот каде агитираат пред граѓаните, тие самите да го заокружат своето самоукинување.

На ваквата состојба во Македонија на својот Твитер профил реагираше руската амбасада во Македонија, која забележа дека не е реткост деновиве да гледаме како странски лидери им сугерираат на граѓаните како да гласаат на референдумот.

За крај од руската амбасада прашуваат ,, Интересно, што би било вакви “совети” да дели официјален претставник на #Русија..? ‘’