дома Македонија „РЕВОЛУЦИЈАТА“ ГИ ЈАДЕ СВОИТЕ НЕПРОКОПСАНИ ДЕЦА: Оние кои протестираа против, сега видоа...

„РЕВОЛУЦИЈАТА“ ГИ ЈАДЕ СВОИТЕ НЕПРОКОПСАНИ ДЕЦА: Оние кои протестираа против, сега видоа што значи криминал и полициска бруталност!

Полициската бруталност во земјава станува секојдневна глетка. Освен што скоро секоја вечер се врши упад во локали, при што се легитимираат посетителите и се применува врз нив непотребна сила, локалите и масовно се затвараат, па граѓаните веќе и немаат каде да излегуваат.

До редакцијата на „Република“ стигна една реакција на револтиран граѓанин кој полициската бруталнсот ја почувствувал врз себе, без негова вина.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]-Ноќниот живот во Скопје е сведен на нула. Веќе нема каде да се излезе, бидејќи многу локали добија клуч на врата. Конкретно синоќа јас отидов во „Епицентар“, околу 2.30 часот. Таму и внатре и надвор вриеше од полиција. На шанкот имаше двајца полицајци, кои ги прашав што се случува. Тие дрско ми вратија дека нема зошто да се распрашувам. На моето упорно инсистирање да ми кажат што се случува, полицајците ми се заканија дека ќе ме приведат, ако продолжам да се распрашувам. На моето негодување, еден од полицајците ме фати за уши и така ме шеташе низ целиот локал, по што ме извадија надвор. Оттаму ме приведоа и одведоа во полициската станица Беко, каде ми беше кажано дека треба да платам казна од 3.000 евра, поради нарушување на јавниот ред и мир и омаловажување на службени лица. Постапката во станицата ја водеше млад полицаец за кој подоцна дознав дека за инспектор е назначен пред шест месеци и очигледно сакаше да ми наштети,за разлика од неговите колеги кои беа коректни кон мене. Ми рекоа да напишам изјава, што јас одбив да го направам. Потоа тие напишаа што сакаат и ме тераа да го потпишам тоа. Јас одбив, а тие ми се заканија дека ќе ме носат да ми земат крв, а потоа во Бардовци. Дел од заканите исполнија, па ме однесоа на Токсикологија, за да утврдат дали сум под дејство на дрога и алкохол. На крајот се утврди дека не сум под дејство ниту на алкохол ниту на дрога. Видоа дека згрешиле, па ме пуштија. После се, јас се вратив во „Епицентар“, кој тогаш работеше – вели нашиот соговорник кој сака да остане анонимен, плашејќи се од можни реперкусии врз неговата работа, па и живот.[/kopa_block_quote]

 

Сепак тој назначи дека длабоко е навреден од она што му се случило, а посебно со оглед на тоа дека тој е возрасен човек, кој бил и дел од Шарената револуција и ја поддржувал СДСМ. Очигледно животот не дошол за сите!