дома Свет Регистрирани рекордни температури: Најтопла ноемвриска ноќ во Сиднеј во историјата

Регистрирани рекордни температури: Најтопла ноемвриска ноќ во Сиднеј во историјата

Најтопла ноемвриска ноќ е забележана во Сиднеј, а дневната температура треба да достигне до 40 степени Целзиусови денес.

Во текот на ноќта се измерени 25,4 степени Целзиусови.

Сиднеј Морнинг Хералд објави дека е забележана температура од 30 Целзиусови степени во 4.30 часот.

Луѓето во Сиднеј масовно одат на плажите.

Поради големата жештина, противпожарната служба на Нов Јужен Велс издаде целосна забрана за сите видови подметнување пожар за источните и североисточните делови на оваа австралиска држава.

Температурите пораснаа викендов и во другите делови на земјата, вклучително и во Јужна Австралија и Викторија, јави Би-Би-Си.

Властите ги предупредија граѓаните да ги почитуваат здравствените протоколи, да се држат на дистанца за да се потисне ширењето на вирусот корона.