дома Политика РЕКА НА ТРИБИНА ВО БРВЕНИЦА : Дојде време за претседател Албанец, затоа...

РЕКА НА ТРИБИНА ВО БРВЕНИЦА : Дојде време за претседател Албанец, затоа што и Албанците се граѓани на оваа земја

Кандидатот за претседател, проф. Блерим Река, денес ја продолжи неговата кампања во Брвеница каде беше во придружба со лидерот на Алијанса на Албанците, Зиадин Села како и со лидерот на движење Беса, Билал Касами.

Како што спомна пред митингот, проф. Блерим Река, концептот е за универзална Република за сите граѓани, за владеење на законот и правда за сите.

Дојде време за претседател Албанец, затоа што и Албанците се граѓани на оваа земја. За да може да го живееме концептот за една Република за сите, треба да постои реална еднаквост а не само формална за сите граѓани на оваа земја. Македонија како мултиетничко опшество не може да функционира како моноетничка земја. Затоа на 21 април вашиот глас е глас за промена, глас против корупцијата и против неправдата, рече Река.