Доналд Трамп го постави рекордот за најмногу твитови во еден ден откако стана претседател. За време на учеството на Светскиот економски форум во Давос, тој твитна 142 пати.
Врвот беше достигнат помеѓу 6 и 7 часот по локално време кога Трамп објави 41 твита за еден час. Значи твитнувал на секој 88 секунди.
Апсолутниот рекорд со 161 твита на Трамп е во јануари 2015 година пред да стане претседател.