дома Занимливости РЕТКО КОЈ ЗНАР ДЕКА ОВОЈ ХОЛИВУДСКИ АКТЕР Е МАКЕДОНЕЦ : Играл во...

РЕТКО КОЈ ЗНАР ДЕКА ОВОЈ ХОЛИВУДСКИ АКТЕР Е МАКЕДОНЕЦ : Играл во „Пријатели“, „Изгубени“, „Криминални умови“, „Волшебнички“…

Џорџ Ален (46) е роден во Детроит, Мичиген, по потекло е Македонец. Неговите родители од Македонија се преселиле во САД, но не ги заборавиле своите корени. А, за Македонија се интересира и нивниот син Џорџ.

Алан е познат модел и актер и иако има 45 години, се уште важи за еден од најфотогеничните машки модели. Од актерската кариера најпознати се неговите епизодни улоги во „Lost”, „Criminal Minds”, „24“, „Friends“, „Castle“, „Entourage“, „Charmed“, a моментално кај нас е актуелен со серијата која се дава на „Фокс“ каналот- „Grandfathered” каде што го глуми двојникот на Џон Стамос.

На 16 години додека шетал во еден трговски центар, бил забележан од моден скаут кој му ги отворил портите кон светот на модата. Почнува да работи во Мајами, Њујорк, Милано, Азија, Чикаго, Париз. Покрај моделството, работи и како фотограф за списанието „Елите“ и за неколку модни агенции.

Пред две години Џорџ вплови и во режисерските води, со комедијата – „My big fat fake Hollywood life”. Покрај тоа што е режисер, Алан ја игра и главна улога во филмот.

Актерот со македонско потекло вели дека никогаш нема да му прости на Оливер Стоун што во филмот за Александар Македонски, режисерот го престави големиот војсководец како момче со руса коса.