November 29, 2022, 3:05 pm

Референдум во Скопје – Трамвај или еко-автобуси? – Данела пред голема одлука

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалничката Данела Арсовска размислува да побара референдум за тоа дали граѓаните на Скопје сакаат да се воведе Бас рапид транзит (БРТ) системот или трамвајот на тркала.

„Имавме состанок со ЕБОР, на кој јас ги елаборирав сите работи што се ризици во процесот. Тука имаме и состојба во која граѓаните одбраа поинаков концепт преку изборите. Во самата програма понудив проекти за кои граѓаните одлучија. Референдумот е една од опциите дали граѓаните сакаат едно или друго решение. Тоа не го исклучувам. Ќе почнеме да го практикуваме за секое клучно прашање. За БРТ-системот скопјани не се консултирани. Исто така, граѓаните не се запознаени целосно со проектот, а јас низ изборната кампања ги објаснив ризиците за овој вид транспорт“, истакна Арсовска вчера во емисијата „Само интервју“ на телевизијата „Канал 5“.

Арсовска неодамна имаше средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за проектот БРТ Скопје, но не беа објавени повеќе детали од средбата.

Со БРТ-системот, кој што е проект на минатиот градоначалник Петре Шилегов, се планираше воспоставување две линии со коридори резервирани само за ултраеколошки автобуси – од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, и од Бутел до Кисела Вода. Трасата во правец запад-исток е со должина од 12,8 километри во една насока, со 21 станица, а трасата во правец север-југ е со должина од 10,4 километри и предвидено е да има 20 автобуски станици.

Делницата од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, предвидено е да се поминува за околу 30 минути.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This