дома Балкан РЕФЕPЕНДУМ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА КОСОВО И АЛБАНИЈА: Тачи најави обединување со Албанија...

РЕФЕPЕНДУМ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА КОСОВО И АЛБАНИЈА: Тачи најави обединување со Албанија доколку ЕУ продолжи со изолaција на Косово!

Доколку ЕУ продолжи со изолацијата на Косово, ќе биде разгледана можноста за институционални активности или референдум за обeдинување со Албанија, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи.

Тоа можеме да го направиме преку собраниски резолуции или преку референдуми на Косово и во Албанија, но вклучувајќи ги Прешево, Медвеѓа и Бујановац – кажа Тачи за телевизијата Дукаѓини.

Ако ЕУ не сака да прифати две албански држави со две знамиња, нека прифатат само едно знаме – кажа Тачи.

Тој кажа дека идејата за исправање на историската непpавда за обeдинување на Прешево, Бујановац и Медвеѓа со Косово никогаш не била поблиску од сега.

Како што кажа, однесувањето на ЕУ кон Косово покажува дека дошло времето сериозно да се разгледа преземање институционални чекори за национално обединување.

Изолација за Приштина е колебањето на Брисел да одобри визна либерализација за граѓаните на Косово и Метохија.