Јас сум горд што сум првиот премиер што го чествува Илинден како премиер што се поклонува пред гробот на Делчев, рече Заев и остана жив.
Јас сум политичар кој што секогаш сака да внимава на изјавите кои не се во корист на нашата Македонија. Илинденското востание е Македонско, ако некој граѓанин од Бугарија сака да го чествува – нека го чествува. Јас сум горд што сум првиот премиер што го чествува Илинден како премиер што се поклонува пред гробот на Делчев – рече Заев вчера во интервју за 1ТВ.
На овој, којзнае кој по број гаф, на македонскиот премиер, веднаш пристигнаа голем број на реакции.
Ти си прв у многу работи за кои изгледа не си ни свесен. Ти? Ти си геније, чудо природе. Премиер. Да те немавме, ќе моравме да те измислиме – напиша Тони Михајловски.
Она кога си политикал лидершип на Марс. Ху кеарс каде лежи Гоце? – реагира професорката Билјана Ванковска