дома Социјални Мрежи Ристески за Глобал, сапуницата која трае: Дали оваа лакрдија на Владата...

Ристески за Глобал, сапуницата која трае: Дали оваа лакрдија на Владата треба да се сфати како хуман потег и солидарност, како суптилна наредба или како политиканство и прикривање на нешто друго?

Марјан Ристески од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на препорака од Владата до државните институции, Локалните самоуправи и ЈП да донираат средства за обновување на опожарениот трговско-деловен објект Глобал (најголемата легализирана дивоградба во Македонија) мајрекувајќи ја невиден преседан!

Секој разумен во оваа држава си го поставува прашањето дали е можно ова?!, вели Ристески прашувајќи дали оваа лакрдија на Владата треба да се сфати како: хуман потег и солидарност, како суптилна наредба или како политиканство и прикривање на нешто друго?

Сѐ уште не е доволно позната причината за опожарувањето на овој трговско-деловен објект, но на македонската јавност добро и се познати пропустите поврзани со неговата изградба и легализирање.

Објектот изграден по пат на ЈПП со несоодветна документација, без технички прием, дискутабилни безбедносни системи и редовни сервиси на истите (вклучувајќи го и противпожарниот систем), а згора на сето тоа и без соодветно осигурување на објектот… најверојатно ќе треба повторно да се плаќа со туѓи пари.