РКЕ донесе одлука – ова се новите цени на горивата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 денари/литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74,50 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 76,50 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 65,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати
и горива за транспорт од 22.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,298 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 22.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,543 ден/кг.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This