РКЕ донесе одлука: Цените на бензините и дизелот остануваат исти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 % во однос на Одлуката од 13.12.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,189 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,864 ден/кг.

Од 21.12.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 39,864 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,171%, кај дизелот има намалување за 0,742%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,223 % и кај мазутот намалувањето е за 0,487%.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This