дома Македонија РКЕ: Нови цени на горивата од утре на полноќ

РКЕ: Нови цени на горивата од утре на полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе биде во сила сѐ до следниот понеделник.

Минатата недела со одлука на Регулаторна, цената на бензинот Супер-95 се зголеми за половина денар, Супер-98 за еден денар, а дизелот поскапе за 1,50 денари по литар.