дома Европа РОМАНИЈА ЌЕ СЕ ФОКУСИРА НА ЧЛЕНСТВО НА МАЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА: Романското претседавање...

РОМАНИЈА ЌЕ СЕ ФОКУСИРА НА ЧЛЕНСТВО НА МАЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА: Романското претседавање со ЕУ, поволно за Македонија

Романскиот министер за надворешни работи Теодор Мелешкану изјави дека за време на претседавањето на Романија во Европската Унија, ќе работи на тоа Европската Унија да jа докаже својата намера за нејзино проширување преку отпочнување на преговори со Македонија и Албанија, пренесува Телма.

„Се наоѓаме на една крстосница во процесот на проширување на унијата, и патот е токму кон Балканот.“ изјави романскиот министер потсетувајќи ги Европската Комисија и Советот за општи работи за минатогодишниот статешки план за проширување и на нивната одлука да им даде на Македонија и Албанија условни датуми наместо датуми за отварање на преговорите.