Ѕвездата на светскиот фудбал и на екипата на Јувентус, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч на 21. век од страна на „Globe Soccer“. На гласањето Роналдо доби 38% од гласовите, оставајќи го зад себе напаѓачот на Барселона, Лионел Меси (24%).
Во првите три се најде и напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах (23%). Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски ја освои наградата за најдобар фудбалер за 2020 година меѓу повеќе номинирани имиња како: Роналдо, Меси, Чиро Имобиле (Лацио), Карим Бензема (Реал Мадрид), Маркињос (ПСЖ), Садио Мане (Ливерпул) и Серж Гнабри (Баерн Минхен).
Најдобар тренер на годината е тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик, а за тренер на векот е прогласен Хосеп Гвардиола.