дома Арсенал РУСИТЕ СО НОВА СУПЕРТЕШКА РАКЕТА: „Јенисеј“ ќе ја освојува Месечината!

РУСИТЕ СО НОВА СУПЕРТЕШКА РАКЕТА: „Јенисеј“ ќе ја освојува Месечината!

Директорот на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин во саботата соопшти дека државната корпорација е подготвена да произведе нова руска супертешка ракета „Јенисеј“

„Потврдена е подготвеноста на конструкторските и производните колективи на ракетно-космичката гранка за реализација на проектот за изградба на рактаносач од супер-тешка класа“, напиша Рогозин на Твитер.

На почетокот на јануари Рогозин објави дека новата руска супертешка ракета за лет до месечината ќе се нарекува „Јенисеј“. Тој соопшти дека производството на ракетата се очекува до 2028. година.

За производството на ракетата се задолжени Ракетно-космичката корпорација „Енергија“, Ракетно-космичкиот центар „Прогрес“ и Центарот „Хруничев“.

Генералниот директор на Ракетно-космичкиот центар „Прогрес“ Дмитриј Барнов наведува дека погонот од прв степен на супертешката ракета најверојатно ќе работи на цврсто гориво.

Пред „Јенисеј“ инженерите конструираа две супертешки ракети – Н-1 и „Енергија“.