February 7, 2023, 8:39 am

Русија ги објави барањата кои ги упати до НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија денеска го објавила нацрт договорот со САД и НАТО за безбедносните гаранции.

Главните одредби на документот објавен на сајтот на Министерството за надворешни работи на Русија се откажување од понатамошно ширење на НАТО и влез на Украина во Алијансата, НАТО и САД да не разместуваат дополнителна војска и вооружување надвор од границите на земјите во кои се наоѓале во мај 1997-ма година (пред пристапувањето на источноевропските земји во Алијансата), освен во посебни случаи со согласност на Русија и членките на НАТО.

Русија има осум клучни предлози, кои се:

– Да се исклучи понатамошно ширење на НАТО и влегување на Украина во сојузот;

– Да не се распоредуваат нови единици и оружје надвор од земјите во кои се наоѓале во мај 1997 (пред источноевропските земји да влезат во НАТО), освен во исклучителни случаи со согласност на Русија и членките на НАТО;

– НАТО треба да се откаже од какви било воени активности во Украина, Источна Европа, на Кавказот и во централна Азија;

– Да не се распоредуваат проектили од среден и краток дострел на места од каде може да се гаѓа територијата на другата страна;

– Да не се спроведуваат вежби со повеќе од една воена бригада во договорено погранично подрачје и редовно да се разменуваат информации за воените вежби;

– Да се потврди дека страните нема да се сметаат за противници и да се сложат сите спорови да ги решаваат по мирен пат и дека ќе се воздржуваат од користење сила;

– Да се вети дека нема да се создаваат услови кои другата страна би можела да ги смета за закана;

– Да се воведат дежурни линии за контакти во кризни ситуации.

Исто така, Русија од САД и НАТО бара да се откажат од сите воени активности на НАТО во Украина, источна Европа и во Централна Азија и да не распоредуваат ракети од среден домет и пократок домет таму од каде што можат да ја погодат територијата на Русија.

Москва, исто така, бара НАТО да не изведува вежби и други активности со формации поголеми од бригади во договорена погранична зона и редовно да разменува информации за воени вежби, како и да потврди дека двете страни не се сметаат за противници, и, во склад со договорот, сите спорови да се решаваат преку мирен пат и да се воздржуваат од употреба на сила.

Според објавениот договор, страните би се обврзале дека нема да создаваат услови кои другата страна би можела да ги сфати како закана, а би биле отворени и телефонски линии за итни контакти.

Нацрт договорот е направен на руски, англиски и француски јазик, пренесува “РИА Новости”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This