дома Русија Русија гласа за уставни реформи со кои Путин ќе остане на власт...

Русија гласа за уставни реформи со кои Путин ќе остане на власт до 2036 година

Од денеска во Русија почнува да се гласа на референдум за уставните измени.

Реформата предложена од претседателот Владимир Путин ќе му овозможи да остане на власт до 2036 година. Тогаш рускиот шеф на државата ќе има 84 години.

Гласањето требаше да се одржи пред повеќе од еден месец, но беше откажано поради пандемијата на коронавирусот.

Доколку има повеќе од 50 отсто гласови „за“ уставните реформи стапуваат на сила. Гласањето ќе биде седум дена – до 1 јули.