дома Uncategorized РУСИЈА ИМА ДОКАЗИ ЗА ДРЖАВИТЕ КОИ СОРАБОТУВААТ СО ТЕРОРИСТИТЕ

РУСИЈА ИМА ДОКАЗИ ЗА ДРЖАВИТЕ КОИ СОРАБОТУВААТ СО ТЕРОРИСТИТЕ

Русија  добива нови потврди за соработка на поедини држави и влијателни странски компаниии со терористички организации, рече секретарот на Советот за безбедност на Русија  Николај Патрушев.

Тој истакнува дека Русија успеала да ја интензивира работата на Советот за безбедност во ОН. Според него многу придонела во донесувањето на важни резолуциии насочени за борбата против групите на ИСИС и другите терористички организации, како и финансирањето на терористите.

,, Секој ден добиваме се поголеми потврди за соработка со терористите, акко со поединечни држави , така и со влијателни странски, а во некои случаи и мултинационални компании. Се работи за набавка на нафта и други суровини од терористите, како и за нивно исплаќање со парични награди за добивање дозвола за производство и транспорт на стоки на териториите под нивна контрола“ нагласува  Патрушев.

Воедно тој се осврна и на обвинувањата на администрацијата на Обама за хакерски напади , кои според него намерно го игнорираат фактот дека главните сервери се наоѓаат во САД.