дома Русија Русија и Белорусија во заедничка воена симултанка

Русија и Белорусија во заедничка воена симултанка

Мораториумот на Русија за воени вежби ќе биде укинат во август 2021 година. Нешто поради Ковид-19, но и поради оставање простор на западните земји да се тргнат од границите на Русија и намалувањето на тензиите со „блиски средби“ на авиони во воздухот .

Но, на последните настани во Белорусија и „тренирањето на шарени револуции“ во Минск, Русија и Белорусија одговорија со најава за воени вежби за септември следната година.

Руско-белоруските големи воени вежби „Запад 2021“ ќе се одржат во септември 2021 година, најави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Како што рече, главната цел на овие воени маневри е зајакнување на воената безбедност на Русија и Белорусија.