дома Свет РУСИЈА НА ГОЛЕМА ВРАТА ВЛЕГУВА НА СВЕТСКАТА СЦЕНА: Либија побара воена помош...

РУСИЈА НА ГОЛЕМА ВРАТА ВЛЕГУВА НА СВЕТСКАТА СЦЕНА: Либија побара воена помош – се повеќе земји спасот го гледаат во Русија!

Владата на истокот на Либија побара воена помош од Русија во обука на војниците и ремонт на воената техника, а Москва вети дека ќе помогне во борбата против тероризмот, изјави претседателот на Парламентот Акил Салех Иса

„Побарвме од руските власти да ни помогнат во обуката на војниците и ремонт на воената техника, бидејќи поголемиот дел од нашите офицери се обучувани во Русија и многу владеат со рускиот јазик и знаат како да ја користат руската техника. Ни ветија помош во борбата против тероризмот“, изјави Акил Салех Иса.

Либијските владини сили ги протераа милитантите од градовите Рас Лануф и Ел Сидр за време на операцијата за враќање на пристаништето со нафтени терминали и нафтени полиња под своја контрола, јавува „Скај Њуз Арабија“.

Според податоците на телевизијата, во овој момент владината војска, под команда на Халиф Хафтара, е во офанзива на градот Бин Џавад.

На почетокот на март, т.н. „Бригада за одбрана на Бенгази“ ги нападна пристаништата Ел Сидр и Рас Лануф, истиснувајќи ги оттаму силите на Халиф Хафтара. Потоа ти два града се предадени во власт на Триполи кои негираат вмешаност во нападот.

https://www.youtube.com/watch?v=4fiUpEYYFzU