дома Русија Русија со закон ќе ги блokиpa Фејсбук, Твитер и Јутјуб

Русија со закон ќе ги блokиpa Фејсбук, Твитер и Јутјуб

Пратениците во рускиот Парламент претставија предлог-закон со кој, доколку биде усвоен, ќе и се овозможи на Владата да го ограничи пристапот преку Интернет до американските социјални мрежи.

Авторите на нацрт-законот, повеќето од владејачката партија Единствена Русија, изјавија дека добиле поплаки од локалните медиуми како Русија денес, РИА Новости и Крим 24 дека профилите биле блокирани или обележани од Твитер, Фејсбук и Јутјуб.

За да стапи на сила, нацрт-законот треба прво да биде одобрен од пратениците во Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, пред да биде одобрен во Советот на Федерацијата (Горниот дом на Парламентот) и потпишан од претседателот Владимир Путин.

Според нацрт-законот, главниот обвинител на Русија и Министерството за надворешни работи ќе утврдат кои Интернет ресурси го ограничуваат пристапот до „општествено важни информации засновани на националност, јазик или во врска со воведување санкции против Русија или нејзините граѓани“.