дома Свет РУСИЈА СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО САД: Да не ви текне да бомбардирате во...

РУСИЈА СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО САД: Да не ви текне да бомбардирате во Сирија, под лажен изговор!

Русија ги предупреди Соединетите Американски Држави да не се обидуваат да ги искористат недокажаните обвинувања за хемиски напади како изговор за ракетен удар во Сирија, соопшти прес-службата на Амбасадата на Русија во САД

Наведено е дека американската страна продолжува да користи „неосновани наоди за тоа дека Дамаск користи отровни супстанци како инструмент на антисирискиот геополитички инженеринг.“

Во Амбасадата додаваат дека новите соопштенија на американската администрација за плановите одговорноста за наводната примена на хемиско оружје во Сирија да се префрли на Русија ги коментираат како цинизам.

„Во самата администрација признаваат дека нема докази за тоа. Немаше ниту претходно, бидејќи се лажни соопштенија на ‘Белите шлемови’ и другите псевдохуманитарни невладини организации кои Западот ги финансира и кои во потполност се дискредитирани, може да се сметаат за фарса, а не за доказ“, се наведува во соопштението на Амбасадата објавено на социјалните мрежи.

Руските дипломати ги предупредија САД да не паѓаат на искушенијата и тоа да не го користат како „изговор за изведување на ракетни удари по сириските владини објекти“.

Претходно министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека САД користат гласини дека во Сирија се користат отровни супстанци.