Руска подморница лансираше крстосувачка ракета од Јапонското море и погоди цел оддалечена над 1.000 километри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руска подморница успешно ја лансираше крстосувачка ракета „Калибар“ од Јапонското Море кон цел оддалечена повеќе од 1.000 километри, која се наоѓа на руско полигон на копно.

Дизел-електричната подморница на Пацифичката флота Петропавловск-Камчатски погоди крајбрежна цел на дострел од 1.000 километри со крстосувачката ракета Калибр од Јапонското Море, објави денеска прес-службата на флотата, a пренесува ТАСС.

„Крстосувачката ракета „Калибр“ ја погоди крајбрежната цел на полигонот Сјуркум во планираното време“, соопштуваат од прес-службата.

Пред лансирањето на проектилот, подморниците изведоа тактички маневар за скришно распоредување во областа на извршување на зададените мисии, соопшти прес-службата. Вежбата вклучуваше и тајни движења и поддршка за воени бродови, авиони и беспилотни летала, соопшти руската пацифичка морнарица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This