дома Балкан РУСКА НОВИНАРКА ПРЕДУПРЕДУВА: Се спремаат терористички напади на северот на Косово од...

РУСКА НОВИНАРКА ПРЕДУПРЕДУВА: Се спремаат терористички напади на северот на Косово од терористи тренирани од НАТО во Германија!

Воениот злосторник Хашим Тачи и еден од лидерите на терористичката УЧК, денешен лидер на Косово во соработка со НАТО и САД во тајност припремаат напад на северот на Косово во српските општини, предупредуваат руските аналитичари

Според Ања Филимонова, руски новинар и претседател на Фондот за Стратешка култура, албанските терористи од таканаречената КСБ се спремаат во НАТО базата во Германија во Графенвер каде што ги извежбуваат тактиките на таканаречен „блиц-криг“ со кои би извршиле упад во местата со мнозинско српско население на северот на Косово.

Според Филимонова, во тренингот се влучени и американски инструктори, а во операциите би учествувале и војници на пет членки на НАТО.

Албанските терористи според Филимонова, имаат план да завземат четири српски општини на Косово, односно, Зубин Поток, Лепосавиќ, Звечан и северниот дел на Косово. Исто така во план е и влез на косовската армија во НАТО.